Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделава се затвора гостиварската модуларна болница

Неделава се затвора гостиварската модуларна болница

Се затвора модуларната болница за ковид-пациенти во Гостивар затоа што од неа во моментов нема потреба. Бројот на пациенти постојано се намалува и во прашање се денови кога ќе биде привремено затворена.

- Во модуларната болница моментално се хоспитализирани тројца пациенти со ковид, кои најверојатно ќе бидат отпуштени дома неделава, а објектот привремено ќе се затвори. Состојбата со коронавирусот бележи стабилизација и имаме доволно капацитети за болничко лекување и без модуларната болница, реkol Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение, за Гостивар прес.

Во гостиварската болница хоспитализирани се 29 пациенти заболени од Ковид-19, од кои 11 се на кислородна поддршка.


Слично

Поврзани вести