Економија, финансии, бизнис

Контакт

Недела за неработен ден ќе се изгласа во Собранието во текот на следната недела, ветиле од парламентарното мнозинство

Недела за неработен ден ќе се изгласа во Собранието во текот на следната недела, ветиле од парламентарното мнозинство

Претседателот на Сојузот на Сидникати Дарко Димовски  на денешниот протест пред седиштето на Стопанската Комора изјави дека разговарал со претставници на парламентарното мнозинство и дека добил цврсти уверувања дека измените на законот со кој ќе се прогласи недела за неработен ден ќе се изгласаат во Собранието во текот на следната недела. 

Вели дека законското решение ќе стапи на сила од 1-ви јануари. Од пратениците бараа прогласување на неработна недела, зголемување на минималната плата и К-15 за сите работници, без дискриминација на јавниот сектор. 

„Сметаме дека минималната плата треба да изнесува 60 проценти од просечната плата, или како што ни најави премиерот од 1 јануари да изнесува 18 илјади денари. Но, тука не треба да застане, сите плати треба скалесто да растат, бидејќи животните трошоци на сите ни се зголемија. Затоа е неоходна примената на колективните договори,“ изјави Димовски.

ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор во согласност со договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Димовски  кажа дека од 30.000 работници со минималец во изминатиов период станале вкупно 110.000.

фото МИА

Слично

Поврзани вести