Економија, финансии, бизнис

Контакт

Недела и со закон ќе биде ден за одмор во Македонија

Недела и со закон ќе биде ден за одмор во Македонија

Недела и со закон ќе биде ден за одмор, oбјави премиерот Зоран Заев. 

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Заев на Фејсбук.

„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.


Вели дека ова решение е во интерес на граѓаните. Заев додава дека тој ден треба да биде ден посветен на одмор, за поквалитетно време за секој граѓанин, ден за семејството и ден за себе.

Слично

Поврзани вести