Небиу: За продажба на имотот на Груевски е потребна одлука од Владата
600.000 евра ќе се продаваат конфискуваните очилата, облеката и чантите на Бојан Јовановски, осуденик во случајот „Рекет“, најавува Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за конфискуван имот, синоќа во емисијата „Клан Дебата“
Според Небиу, овие вредни предмети одземени од Боки 13 наскоро ќе бидат ставени на јавно наддавање. Запрашан за нивната висока вредност, која не одговара на стандардот во земјава и дали ќе се најде некој што може да ги купи по таа висока цена, Небиу рече дека во спротивно тие ќе останат сопственост на државата.
Небиу додаде дека би можел да биде продаден и мебелот, односно креветите кои поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ги доби на подарок пред да биде осудена во „Рекет“.
За продажба на недвижниот имот во вредност од 1,95 милиони евра одземен од поранешниот премиер Никола Груевски потребно е првин согласност со носење на одлука од страна на Владата, дополни Небиу.
