Економија, финансии, бизнис

Контакт

Небезеден терен околу темелната јама e причина за несреќата во Кисела Вода

Небезеден терен околу темелната јама e причина за несреќата во Кисела Вода

Небезеден терен околу темелната јама, причина за несреќата на градилиште во Кисела Вода, потврдиле од Инспекторатот за труд за ТВ 24. 

„Од страна на инспекторот од областа РО (работни односи) утврдено е дека сите ангажирани работници инволвирани во несреќата биле во работен однос кај подизведувачот. Од областа на Безбедност и Здравје при работа, утврдено е дека не биле превземени колективни мерки за заштита, односно не било направено подградување на ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од обрушување на земјиштето, што е и причина за несреќата на работа. Дадена е усмена забрана за работа на градилиштето, нотирана на првичниот записник и задолжение да се достави целокупната документација, која се однесува на безбедноста и здравјето при работа“, велат оттаму. 

Загинатиот работник е од Крива Паланка и бил на возраст од 34 години. 

Слично

Поврзани вести