Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ НА МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ ПЛАНОТ МУ Е ДА ГО ПРИВАТИЗИРА МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ ДА ГО ОДНЕСЕ ВО СТЕЧАЈ“: Независниот синдикат на полицијата тврди - министерот си направил синдикат!

„НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ НА МИНИСТЕРОТ ТРИПУНОВСКИ ПЛАНОТ МУ Е ДА ГО ПРИВАТИЗИРА МИНИСТЕРСТВОТО ИЛИ ДА ГО ОДНЕСЕ ВО СТЕЧАЈ“: Независниот синдикат на полицијата тврди - министерот си направил синдикат!

Од Независниот синдикат на полицијата, тврдат дека Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, по недоразбирањата со нив, си формирал сопствен синдиат, кој од 23 члена, сега е најброен и има 354 члена.
„Веројатно по примерот на приватизираните фирми кои пред неколку децении заминаа во стечај, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по недоразбирањата со нас, си направил синдикат САДУ, кои од 23 члена сега има 354 и е најброен во рамките на МЗШВ.

Не знаеме дали на Министерот планот му е да го приватизира Министерството или да го однесе во стечај, но како Независен синдикат на полицијата, ниту едното ниту другото нема да му го дозволиме.

 Проблемите не се решаваат самите од себе ако ги ставиме под тепих или ако се правиме дека не ги гледаме, а уште помалку ако си правиме илузија со креирање на синдикат кои има повеќе членови од лајкови на фејсбук.

 Шумската полиција сеуште нема бенифициран стаж, нема униформа, нема возила, нема нов Колективен договор иако сето ова им беше ветено пред изборите во Кавадарци, но затоа има оружје старо по 70-80 години кое никој не знае дали функционира и не дај Боже да дојде ситуација да треба да се употреби“, велат од НСП.



Слично

Поврзани вести