Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не земајте и го мирот и спокојот, Атиџе не е „канцелариски пацов“

Не земајте и го мирот и спокојот, Атиџе не е „канцелариски пацов“

Некои би рекле дека Атиџе живее сиромашно, и фали кров на куќата, и фали поубава куќа. Не носи Prada или 501.

А всушност Атиџе е многу богата. Зошто?
Затоа што Атиџе ја има насмевката. И песната.

Затоа што нема злоба кај неа, нема гнев и лутина. Има постојана насмевка. Насмевка која плени, која ја покажува нејзината милна и добра душа.

Атиџе не барала досега ништо. Благодарение на нејзината „Медена земја“ ние дознавме како е да се биде пријател со сите, да се биде во прекрасна врска со природата, дознавме што значи секојдневен мир и спокој.

Не и го земајте тоа, Атиџе не е канцелариски пацов. Помогнете и да остане нашиот вистински претставник во светот на природата, да има уште многу пчели затоа што таа е нашиот спасител и нивна Кралица.


Фејсбук статус - пишува  Денис Јанкуловски

Слично

Поврзани вести