Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не заборавајте во сабота да ги поместите стрелките на часовникот

Не заборавајте во сабота да ги поместите стрелките на часовникот

Ноќта меѓу сабота и недела, на 29 март часовникот ќе се помести од 2 на 3 часот, што значи дека граѓаните ќе загубат еден час сон. Формално, станува збор за почеток на летното сметање на времето, но за организмот тоа не е само административна промена, туку нагло поместување на биолошкиот ритам, особено затоа што утринската светлина доаѓа подоцна, а вечерната останува подолго.

Ќе се вратиме на зимско сметање на времето на 25 октомври, последниот викенд во октомври во ноќта помеѓу сабота и недела. 

Во лето, кога деновите се подолги, часовниците се поместуваат напред, така што еден час наутро се „краде“ и се додава на вечерта – за темнината на падне подоцна, пишува BBC News.

Ова првпат го смислил американскиот политичар и научник Бенџамин Франклин, уште во 1784 година. Тој објавил есеј во кој предложил луѓето да стануваат порано и на тој начин да заштедат на свеќи.

Новозеландскиот научник Џорџ Вернон Хадсон заклучил дека луѓето се посоодветни за живот преку ден отколку ноќе, а во 1895 година предложил поместување на часовниците за два часа напред, за да може во текот на летото да се користи повеќе дневна светлина.

Летното сметање на времето за прв пат го воведе Германија во 1916 година, а неколку недели подоцна и Велика Британија.

Слично

Поврзани вести