НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЧАДОР - попладне повторно не очекува пороен дожд, грмежи и град
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а за попладневните часови, синоптичарите најавуваат повторно дожд и грмотевици.
- Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд,нретки грмежи и засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град - се посочува во објавата на УХМР.
Сепак, температурите и понатаму ќе останат високи, и максималните ќе достигнат до 31 степен.
Од четврток веќе се очекува стабилизација на времето, иако повторно ќе има облаци, сепак, не се очекуваат поројни дождови или град и грмотевици.
- Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец - се посочува во објавата на УХМР.
