Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не за четиридневна работна недела во Шпанија: Парламентот го отфрли владиниот план

Не за четиридневна работна недела во Шпанија: Парламентот го отфрли владиниот план

Шпанските пратеници го отфрлија законот што предвидува општо скратување на работната недела, што е едно од клучните ветувања на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој нема парламентарно мнозинство.

Предлогот, кој имаше за цел скратување на работната недела од 40 на 37,5 часа, беше отфрлен од 178 пратеници, а поддржан од 170.

Законот поднесен од министерката за труд Јоланда Дихас, од крајно левичарската партија Сумар, сојузник на социјалистите во владата на Санчез, е резултат на договор потпишан со двата главни синдикати на вработените, UGT и CCOO, кои повикаа на демонстрации пред Парламентот за време на гласањето, додека организациите на работодавачи се спротивставија на реформата.

Според Владата, намерата била да се влијае на повеќе од 12 милиони вработени во приватниот сектор, главно во малопродажбата, угостителството и земјоделството, бидејќи работната недела од 37,5 часа е веќе на сила во државната служба и повеќето големи компании.

Слично

Поврзани вести