“Не валкај-разубави-Ден за Велес” голема еколошка акција за чистење на градот
Во општина Велес денес ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на градот под мотото “Не валкај-разубави-Ден за Велес”.
Акцијата се организира заедно со ЈКП “Дервен” со основните и со средните училишта, урбаните заедници, Општинската организација на Црвен крст, ТППЕ-Велес-Територијалната противпожарна единица Велес, Центарот за управување со кризи и со повеќе граѓански организации.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги повика сите граѓани со добра волја да се приклучат на акцијата.За оваа акција планирани се три собирни пунктови: во близина на Стар мост, на градскиот стадион и на игралиштето во населба Тунел. Акцијата ќе се одвива на следните локации: на улица “Димко Најдов”, на улица “Луј Пастер”, на градскиот фудбалски стадион и на улицата “Благој Ѓорев”.
Коцевски додаде дека заради високиот водостој на Вардар ќе избегнат крајбрежните појаси покрај реката за да не дојде до некои несакани последици,.
Слично
