Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛОЗНА КРАЖБА: украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром

СКАНДАЛОЗНА КРАЖБА: украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром

Две непознати лица извршиле кражба над 38-годишниот Д.К. со што му одзеле два милиони и четиристотини илјади денари кои претходно ги извадил од банка на булеварот Јане Сандански во Скопје.

Оштетениот пријавил дека денеска околу 11:15 со закана со пиштол две непознати лица кои дошле со моторцикл му одзеле 2 милиони и 400 илјади денари. Нападнатиот парите ги извадил од банката, а бил пресретнат позади експозитурата.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести