Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не успеа ни вториот референдум за рудникот Иловица

Не успеа ни вториот референдум за рудникот Иловица

Граѓаните на општина Ново Село не излегоа во доволен број на референдумот на кој требаше да се даде или не согласност за отворање на рудникот за злато Иловица во Штука, како и на потенцијално нови рудници за злато на територија на оваа општина. 

Според информациите од активистите на „Здрава котлина“, излегле под 40 отсто од запишаните граѓани со право на глас, со што не е исполнет законскиот цензус референдумското изјаснување да добие легитимитет.

Граѓанските активисти кои се загрижени за штетните последици врз животната средина од употребата на цијанид за екстракција на рудата како и мега проектот кој предвидува изградба на огромна брана за хидројаловина велат дека без оглед на резултатите ќе продолжат да се залагаат рудникот воопшто да не се отвори и да не се доведе во ризик здравјето на луѓето и почвата за земјоделците. 

Претходно неуспешен исто така беше и референдумот во Босилово.

Слично

Поврзани вести