Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не успеа иницијативата на Јанкулоска за разрешување на Кацарска

Не успеа иницијативата на Јанкулоска за разрешување на Кацарска

Членовите на Судскиот совет со едногласна одлука не ја прифати иницијативата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Претходно тричлената комисија на јавна седница ги сослуша и Кацарска и сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, кој ја поднесе претставката за разрешување пред да го поднесе извештајот.

Јанкулоска бараше разрешување на Кацарска поради тортура со чести закажувања на рочишта додека била во доцнежен стадиум на ризична бременост. Сопругот на Јанкулоска трвдеше дека Кацарска се заканувала  дека Јанкулоска ќе биде присилно донесена на судење, доколку не се појави на закажаните рочишта, 

Кацарска на сослушувањето тврдеше дека ниту едно право на обвинетата не и било ускратено, а за честите закажани рочишта причината треба да се бара во одолговлекјувањето од страна на обвинетите и нивната одбрана.

Јанкулоска е осудена на одложена  казна затвор од 4,5 години за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Тенк“.


Слично

Поврзани вести