„НЕ УМРИ МАГАРЕ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА“: реакции за договорот за стратешко партнерство, што навистина носи тој
Остри рекции во јавнсота по најавата за потпишување стратешки договор со Велика Британија во јавноста.
Иако детали од договорот се уште не се објавени, дел од опшстествените критичари по социјалните мрежи предупредуваат дека договорот ќе опфати и депоратации на мигранти во нашата земја.
- Скок од една милијарда на Циле до шест на Мицко. Наводно ветени од земјата која стои зад превенирање на мировниот план и војната до последен Украинец (и промената на името, кај нас).
Во соопштението не се спомнуваат никакви пари (впрочем Стармер има домашни проблеми во изобилие).
Не умри магаре до зелена трева…
Ова го напиша професорката и некогашна кандидатка за претседател Билјана Ванковса. Еве ја нејзината објава:
Но, таа не е единствената, реакции има и на социјалната мрежа „Икс“ или поранешен „Твитер“.
Дел од нив потсетуваат дека некогаш токму ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека тогашните владини претставници планираат договор за префрлање мигранти во нашата земја, но сега молчат.
Додека англиските медиуми на големо јавуваат дека Македонија ќе биде една од земјите каде ќе се префрлаат одбиените азиланти од Британија, мислам дека е право време да се потсетиме на доследните ставови од ДПМНЕ на тема „мигранти“: pic.twitter.com/vIUYVTzzxx
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) May 16, 2025
Деталите за овој договор допрва ќе се објавуваат, па ќе се знае што точно содржи истиот и што ќе донесе за нашата земја.
Слично
