Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не тргајте кон Дојран без резервација, капацитетите полни

Не тргајте кон Дојран без резервација, капацитетите полни

Слично како во Охрид, така и Дојран годинава за Велигденските празници ќе биде полн со туристи кои ќе престојуваат за време на празничниот викенд, а голем е бројот и на туристи кои тргнуваат во еднодневни посети. 

Затоа ако сакате веднаш да ги искористите преостантите слободни денови во Дојран однапред најдете резервација бидејќи според податоците на Туристичкото биро капацитетите се речиси исполнети, како во приватниот така и во и комерцијалниот сектор.

Според туристичките работници на дојранското крајбрежје има повеќе од 10.000 туристи, поголемиот дел од нашата земја. Има туристи и од странство, во помал дел од Србија и особено еднодневни туристи од Грција.

Дојран подготвено ги прими сите туристи за велигденскиот викенд, а рестораните и кафулињата исто така се погрижија на гостите да им организираат разни забави и журки на плажа во вечерните часови.

Од Туристичкото биро потврдија дека уште од сега дојранските сместувачки капацитети се распродадени и за претстојниот првомајски викенд.


Слично

Поврзани вести