Не треба некој да ме замени во СДСМ, вели Шекеринска
Министерката за одбрана и поранешната потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска во емисијата „Само интервју“ изјави дека не треба некој да ја замени во СДСМ.
Рече дека не дозволува нејзината сенка да ѝ влијае на Сања Лукаревска во работата.
„Сања Лукаревска треба да биде добар заменик-претседател на СДСМ, на начин кој одговара на нејзиниот профил, знаење и искуство. Ѝ посакувам добро и не дозволувам мојата сенка да ѝ влијае во работата. Сите ние имаме право на добар почеток“, смета Шекеринска.
Вели дека ги мери зборовите кои ги кажува во јавност, и сака зборот да и тежи.
Неодамна на конгресот на партијата, Лукаревска беше избрана и го зазема местото на Шекеринска.
Слично
