Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ТРЕБА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ДА Е ПРВ ДЕН ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА И ДА СЕ ТУРКААТ: Има доволно вакцини за сите, директорот Исјановски за Фактор

НЕ ТРЕБА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ДА Е ПРВ ДЕН ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА И ДА СЕ ТУРКААТ: Има доволно вакцини за сите, директорот Исјановски за Фактор

На вакциналните пунктови во неколкуте скопски поликлиники, каде од денеска почна вакцинацијата против корона вирусот без закажување термин, се создадоа гужви од голем број граѓани кои дошле да ја примат првата доза. Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор посочува дека вакцинацијата без закажување нема да трае само ден-два, напротив, вакциот начин ќе продолжи и понатаму.

-Нема потреба да се однесуваат граѓаните како да е прв ден од вакцинација против корона вирусот. Навистина има огромна заинтересираност, но трите поликлиники и Букурешт, и Јане сандански и Чаир работат во две смени, а еве од денеска и во Шуто Оризари е отворен вакцинален пункт кој ќе работи една смена до 14.30. вакцини има доволно за сите. Се аплицира кинеската вакцина Синовак, и навистина сметам дека турканиците се најмалку потребни. Претпоставувам дека гужвите утринава се создадоа заради тоа што граѓаните сакаат рано да завршат работа поради високите температури, вели директорот Исјановски.

Истовремено посочува и дека без проблем се одвива ревакцинацијата во спортскиот центар Арена А1-Борис Трајковски, која се очекува да заврши до крајот на овој месец.

-До крајот на јули ќе се одвива ревакцинацијата во овој спортски центар, но потоа веќе Арена А1-Борис Трајковски ќе се затвори. Ревакцинацијата ќе продолжи исклучиво во поликлиниките. Освен овие кои работат од почеток, вакцинални пунктови против Ковид-19 ќе се отворат и во останатите поликлиники, односно: Бит Пазар, Ченто, Драчево, Ѓорче Петров. До почетокот на август ќе имаме солидна бројка извакцинирани граѓани и ќе нема потреба да работат и пуниктовиот во спортскиот центар, вели д-р Исјановски.

Што се однесува пак до теренската вакцинација, тој вели дека жители на неколку рурални населени места од денеска се вакцинираат во основното училиште „Емин Дураку“ во општина Сарај.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести