Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ОД КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА“: Треба Закон за обештетување, вели професорката Најчевска

„НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ОД КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА“: Треба Закон за обештетување, вели професорката Најчевска

Законот за бранители продолжува да ја бранува политичката сцена но и јавноста, бидејќи предизвика големи полемики околу неговата потреба за носење.
Оттука, со став освен политичарите, се јавија и професорите. Според професорката Мирјана Најчевска,Закон за бранителите од конфликтот од 2011 година не треба да се донесе.
„Дали треба да се донесе Закон за бранителите од конфликтот од 2001 година?

Според мене не треба да се донесе ваков закон.

Треба да се донесе Закон за обештетување на жртвите од конфликтот од 2001 година.

- Во еден таков закон треба да се предвиди обесштетување на сите оние кои како дел од полицијата и војската се повредени и на семејствата на сите загинати полицајци и војници.

- Никако не смее да има законско решение со кое би се исплатила штета на било кој припадник на ОНА или член на семејство на припадник на ОНА кој загинал во конфликтот.

Не смее да се поистоветат луѓето кои согласно законот и Уставот учествувале во конфликтот со оние кои го предизвикале конфликтот, кои ја нарушиле безбедноста на државата и граѓаните и кои делувале во насока на насилно рушење на правниот поредок на државата.

Со склучувањето на договор за мир овие луѓе се поштедени од кривична одговорност и им е дадена можност без никакви последици од своите противправни дејствија да учествуваат во економскиот и општетсвениот живот на државата.

- Меѓутоа, во еден ваков закон треба да биде предвидена оштета за сите цивилни жртви од конфликтот нанесена од страна на полицијата и војската и нивните семејства (независно од етничката припадност).

- Трет дел од еден ваков закон мора да биде обештетување на внатрешно раселените лица (незвисно од етничката припадност) кои со огромна леснотија ги заборавија сите владејачки структури.

За да се изработи закон кој ќе биде основа на помирување, а не на нови конфликти потребна е широка јавна и стручна расправа, а не текстови подготвени од полуписмени и потполно неписмени претставници на одредени политички партии.

И секако мора да се отвори расправа за тоа зошто и како дојде до конфликтот, како се справи државата со конфликтот, и посебно за пропустите и грешките на тогашниот раководен кадар на чело на државата, во полицијата и во војската, кои доведоа до непотребни жртви и непотребна штета“, напиша таа.


Слично

Поврзани вести