„НЕ СУМ ПОЖЕЛЕН ВО ГРЦИЈА ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ“: Активистот за Егејското прашање Сотир Лукровски, не стигна до В'мбел
Претседателот на Македонско-Патриотското Здружение В’мбел Егеј, Сотир Лукровски, во последната објава на Фејсбук пишува дека во наредните три години му е забрането патување во соседна Грција.
-После 15 години активизам за Егејското прашање вчера на моја огромна жал моето патување за Овчарани заврши на границата помеѓу Вардарска и Егејска Македонија .
Без никакво образложение добив документ дека во наредните 3 год.сум не пожелен на територијта на Република Грција, колевката на демократијата .
Се повторува репресијата врз моето семејсто и по цели 76 години од убиствата и прогонот на моите дедовци, татко и чичковци, во модерна европа во 21виот век, пишува тој во објавата.
фото: ФБ
Слично
