НЕ СТОИМЕ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ, НО ПРОБЛЕМОТ СО „ТРИКАФТА“ ГО НАСЛЕДИВ: Меџити потврди, „набавката оди бавно“
Министерот за
здравство, Фатмир Меџити денеска изјави дека набавката на лекот „трикафта“ за
пациентите со цистична фиброза оди многу бавно и покрај тоа што законските
измени поминаа, односно се изгласани. Рече и дека формирал комисија што порано
ја немало, но не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за
останатите пациенти што го чекаат.
Што се однесува пак до најавите за нови протести од страна на Асоцијацијата за цистична фиброза, Меџити едноставно рече: „не зависи сѐ од нас“.
- Има законски процедури и тендери и не можам да прејудицирам со законски рок. Тоа е и неблагодарно. Сакаме што побрзо да го решиме тој проблем и од денот кога станав министер секој ден се занимавам со тој проблем. Формираме точни процедури и протоколи, секој ден разговараме и за местото каде ќе бидат згрижени најдобро пациентите со цистична фиброза за тоа да биде подолготрајно, ефективно и поквалитетно. Тоа е посензибилен проблем и не стоиме со скрстени раце. Правиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот и еднаш засекогаш да го решиме тој проблем... Пациентите да добијат иноватвен лек, а потоа компетентните во стручната комисија да одлучат кој е најзагрозен пациент за да прими терапија, изјави Меџити.
