Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

СДСМ oбјави дека е креиран лажен профил на нивниот лидер Венко Филипче на Фејсбук, и ги повикаа граѓаните да не наседнуваат. 

Велат дека профилот е креиран со злоупотреба на името, податоците и фотографиите на претседателот Филипче.

„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.  Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале. Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче“, додаваат од партијата. 

Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваат брза реакција за негово бришење. Институциите често алармираат граѓаните да не кликаат на секакви линкови и да не споделуваат лични податоци кои можат да бидат злоупотребени. 

Слично

Поврзани вести