НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа
Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска не доаѓа на работа.
Откако обвинителството вчера објави дека ја сомничи за оддавање службена тајна, од денеска, таа не смее да има контакт со предмети, пошта и било каков документ поврзан со работењето на ДКСК. Димитровска, не се појавила на работното место.
Повеќе нема да смее да распределува и предмети, ниту да гласа на седниците на комисијата.
Сето ова ќе биде до завршување на постапката.
„Секако ако во меѓувреме нема нешто друго или ако Собранието не донесе поинаква одлука, Обвинителството си спроведува постапка по ЗКП, а се останато си е надлежност на други институции“, појаснуваат од Обвинителството за организиран криминал.
На ова дел од новинарите шеговите забележаа дека претседателката „Ќе смее само да прима плата“.
Како што е познато, осомничени се уште три лица во предметот „Адитив“.