Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ И ПОШТА, НЕ МОЖЕ ДА ГЛАСА... ДАЛИ САМО ЌЕ СМЕЕ ДА ЗЕМА ПЛАТА - ОЈО ГОК ја објасни мерката за претседателката на ДКСК

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ И ПОШТА, НЕ МОЖЕ ДА ГЛАСА... ДАЛИ САМО ЌЕ СМЕЕ ДА ЗЕМА ПЛАТА - ОЈО ГОК ја објасни мерката за претседателката на ДКСК

Од Обвинителството за организиран криминал појаснија што значи мерката Забрана за преземање на одредени работни активности, која и е изречена на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, која е новоосомничена во случајот Адитив. 

„Оваа мерка во конкретниот случај подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, гласи објаснувањето од ОЈО за мерката Забрана за преземање на одредени работни активности. 

Сето ова ќе биде до завршување на постапката.

„Секако ако во меѓувреме нема нешто друго или ако Собранието не донесе поинаква одлука, Обвинителството си спроведува постапка по ЗКП, а се останато си е надлежност на други институции“, појаснуваат од Обвинителството за организиран криминал.

На ова дел од новинарите шеговите забележаа дека претседателката „Ќе смее само да прима плата“.

Како што е познато, осомничени се уште три лица во предметот „Адитив“. 

Во рамките на постапката што се води за предметот, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска и определени се и други мерки на претпазливост. 

На Димитровска, по предлог на ОЈО ГОКК, ѝ е одземен пасошот, а определена ѝ е и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.

Слично

Поврзани вести