Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СМЕ ВЕЌЕ РИЗИЧНА ЗЕМЈА: Германија не отстрани од црвената листа, патувањето се олеснува веќе од утре

НЕ СМЕ ВЕЌЕ РИЗИЧНА ЗЕМЈА: Германија не отстрани од црвената листа, патувањето се олеснува веќе од утре

Намалувањето на бројот на новозаразени со корона вирусот придонесе да не сме повеќе на т.н. „црвена листа“, односно земји со висок ризик од Ковид-19 за Германија. Земјата не тргна од списокот заедно со другите земји од Западен Балкан, и веќе од утре патувањата се олеснуваат.

Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) ја ревидираше листата, па сега земји кои не се ризични се: Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар .

Од Западен Балкан земји кои не се ризични се: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.  

Ова знаечи дека Германија веќе го олеснува патувањето на нејзина територија, одосно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“.Новите правила за патување ќе важат од утре, информира Институтот Роберт Кох во своето соопштение.

Прогласувањето на земјите од Западен Балкан без ризик од страна на РКИ ќе има влијание врз другите земји на ЕУ, пред се на Австрија, која одлучи да ги утврди своите правила за влез во земјата врз основа на списокот на германскиот институт, пишува белградски Блиц.

Линк до најновата листа на Институтот Роберт Кох


Слично

Поврзани вести