НЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ МОЖАТ ВО АМЕРИКА, ОДБИЕНИ СЕ НАД ЕДНА ЧЕТВРТИНА - за утеха, Црногорците стојат полошо од нас
Aмериканскиот Стејт департмент на својата официјална веб страница објави податоци за тоа колкав е процентот на одбиени барања за виза за влез во САД лани во 2022 година. Според објавената статистика се гледа дека во Република Северна МАкедонија се одбиени 26 отсто од барањата што е малку повеќе од една четвртина.
Од регионот според официјалниот документ најмногу одбиени барања се во Црна Гора и тоа 34 проценти, а најмалку во Хрватска 5,5 проценти. Речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 13,5 отсто од Словенија, 19,5 отсто од Србија, 17 отсто од Косово, 27,5 отсто од Албанија.
На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.
Од барањата за виза за САД со мал процент одбиени барања се и Израел, Аргентина, Швајцарија и Исланд, Тајван со помалку од 5 отсто.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Џибути 74 отсто, Бурунди 69 отсто, Сенегал со 66 отсто.
