Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се знае со која фирма потпишала Данела Арсовска договор за пречистителна станица

Не се знае со која фирма потпишала Данела Арсовска договор за пречистителна станица

Јавноста дозна дека е потпишан е договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за поектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но се уште не е познато името на фирмата изведувач.

Единствено е познато дека договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот е потпишан пред неколку дена, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, досега не објави, ниту пак закажа прес-конференција за да ги соопшти деталите од договорот за овој капитален проект за градот.

На тендерот понуди имаше доставено две фирми, германска и турска. Единствено беше познато дека првата беше подобро бодувана. Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019, а тендерот беше распишан во јуни 2020.


Слично

Поврзани вести