Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се знае дали возачот кој излета во Вардар имал сопатници, водите се пребаруваат и денес

Не се знае дали возачот кој излета во Вардар имал сопатници, водите се пребаруваат и денес

Медиуми на албански јазик информираат дека станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово и пишуваат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче.

Дали и кој бил во автомобилот кој вчера излета во Вардар близу тетовско Желино, засега не е познато.

Немил настан се случил вчера, кога возило „фолксваген голф 4“ со кумановски регистерски таблици паднало во водите на Вардар, а потрагата трае сѐ уште. 

Возилото беше извлечено со градежна механизација денеска, но без луѓе внатре во него.

Пријавата за случајот полвијата во Тетово ја добила вчера, половина час пред 12 напладне, при што веднаш специјализирани екипи биле испратени во потрагата, заедно со пожарникари, полицајци и вработени во Општина Желино како и екипа на нуркачи од Дирекција за заштита и спасување Велес.

Медиуми на албански јазик информираат дека станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово и пишуваат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче.


Слично

Поврзани вести