Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕОФИЦИЈАЛНО Е УБИСТВО: Безживотно лице најдено до возило во Ѓорче Петров

НЕОФИЦИЈАЛНО Е УБИСТВО: Безживотно лице најдено до возило во Ѓорче Петров

Лице без знаци на живот е најдено синоќа 40 минути по 21 часот како лежи до автомобил во скопската населба Ѓорче Петров. 

Засега нема детали за идентитетот на починатиот а од МВР велат дека возилото „Пасат“ со скопски регистерски таблички е утврдено дека е сопственост на Д.Н. (65).

Пријавата според МВР била дека на улицата „Шарпланинска“ во населба Даме Груев има лице кое лежи без знаци на живот.

Дел од медиумите неофицијално пишуваат дека станува збор за убиство кое се случило во близина на Касарната.

За денес МВР најави повеќе детали по завршениот увид.

Слично

Поврзани вести