Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ: Детектирани 659 лица-фантоми

НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ: Детектирани 659 лица-фантоми

Народниот правобранител откри 659 луѓе-фантоми. Од Канцеларијата на Народниот правобранител бараат да се упрости постапката за нивно евидентирање. 

Tие се невидливи за системот затоа што не се внесени во матичната книга на родените. Не можат да отворат сметка во банка, не можат да склучат брак и не уживаат многу други права. Само 211 доставиле барање за упис во посебната матична книга, а дури 70 отсто од нив воопшто не доставиле барање.

„Одговорност на Управата, таа е единствениот орган во државата во чијашто надлежност е запишувањето во Матичната книга на родените. Ако тој орган има одговорност да ја води постапката од почеток до крај, тој мора да има и човечки капацитети и основни познавање за примената на Законот во пракса и сензибилизирање со граѓаните, неевидентираните лица, имајќи ја предвид нивната ранливост, нивната недоволно едуцираност нивната социјална состојба“, вели заменичката на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Овој проблем трае со години. Пред една недела почина 19-годишниот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за матични книги да добие матичен број и извод на родени. 

Слично

Поврзани вести