Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ВЕЌЕ МИНИСТРИ, АМА УШТЕ СЕ ДОБРИ ДРУГАРИ - Филипче и Сугарески насмеани на заедничка фотографија

НЕ СЕ ВЕЌЕ МИНИСТРИ, АМА УШТЕ СЕ ДОБРИ ДРУГАРИ - Филипче и Сугарески насмеани на заедничка фотографија

На поранешните министри и партиски другари, и покрај тоа што веќе не се на државни функции и се ангажирани на сосема други работни места, не им пречи да се дружат во слободното време. 

А, не е проблем да се направи и по некоја фотографија, која е најдобар сведок на контактите што се одржуваат меѓу нив.

Таква фотографија направија поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и ексминистерот за транспорт Горан Сугарески, кои беа министри во претходната Влада на екс премиерот Зоран Заев, но не влегоа во новиот владин кабинет на сегашниот премиер Димитар Ковачевски. Поточно, Сугарески се повлече од министерската позиција за да се кандидира за градоначалник на Прилеп, но не успеа да го добие градоначалничкото место во тој град. 

„Венко. Врвен доктор и искрен другар. Најмногу од се’ – човек!“, напиша Сугарески на објавената фотографија со Венко Филипче. 

Слично

Поврзани вести