„НЕ СЕ ТОЧНИ ИЗЈАВИТЕ ДЕКА ИМАЛО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА“: Кафе Рома со демант - продолживме со работа и по приведувањето
Остра реакција, демант и најава за тужба објави попладнево кафулето „Рома Кафе“ од Кавадарци каде пред некој ден настапуваше Аца Лукас, чиј настап беше прекинат од полициските екипи, а притоа пејачот беше уапсен и спроведен во станица.
- Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).
Настапот беше наменет за промоција на неговата крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до општината за користење беше одбиено и истиот не се користеше во врска со настанот.
Инспекторите од УЈП и ДПИ при извештената контрола ќе поднесат поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект - пишува во објавата која ја споделија на социјалните мрежи.
Меѓу другото напоменуваат дека изјавите оти имало загрозување на безбедноста не е точно, бидејќи кафулето работело и по приведувањето на Аца Лукас, до крај на работно време.
Еве што точно објавија.

Инаку и самиот српскиот пејач Аца Лукас се огласи денеска по прекинатиот настап во Кавадарци, каде полицијата го приведе во станица поради, како што беше соопштено, непријавен и нерегуларен концерт.
Пејачот во подолга изјава тврди дека целата акција била лично насочена кон него и неговиот тим.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
