Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се смирува состојбата со ковид 19 во Албанија, денеска 18 отсто од тестираните биле позитивни

Не се смирува состојбата со ковид 19 во Албанија, денеска 18 отсто од тестираните биле позитивни

Не се смирува епидемиолошката ситуација во Албанија.

Во текот на последните 24 часа е забележан троцифрен број на заразени.

„Големиот број на заразени е последица на масовното непочитување на мерките и протоколите“, изјавила Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје, додавајќи дека апелира граѓаните да се свестат и да ги почитуваат мерките, затоа што само така може да се добие битката против овој опасен вирус.

Денес во однос на бројот на тестирани, 18 отсто се позитивни, а се излекувале 130 заболени. Починале четири лица.

Од почетокот на епидемијата, со денешните 847, вкупно се тестирани 67.904 лица, позитивни биле 10.255, а се излекувале 6.106. Вкупно починале 316 лица. Хоспитализирани се 193, а 17 пациенти се во критична состојба.

Слично

Поврзани вести