Не се само Македонците, и Турците „дебело“ плаќаат за добивање бугарски пасош
Не се само Македонците, туку и Турците земаат бугарски пасоши, објави бугарски медиум.

1.409 Македонци земале бугарски пасош годинава. Издавањето бугарски пасоши за граѓаните на Северна Македонија се намалува, но многу Турци бараат бугарско државјанство, објави БТВ. Според медиумот, построгите правила го направија своето.
Во 2020 година повеќе од 9.100 граѓани на Македонија земале бугарски пасоши.
Измените на законот, донесени лани веќе им олеснуваат на турските граѓани да добијат бугарски пасош. Од 697 Турци кои поднеле барање за бугарски пасош во 2020 година, во 2022 година веќе има зголемување и тие се над 2.100. Жител на турскиот град Бурса вели дека според негови проценки, можеби 300.000 луѓе имаат двојно државјанство. Инаку, за добивање на пасош, цените оделе и до 10.000 евра. Бугарија цело време се повикува на бројката од 120.000 Бугари во Македонија, односно Македонци кои поседуваат бугарски пасоши, иако бројката од пописот покажува многу помал број на Бугари во земјава. Инаку, бугарскиот медиум наведува дека се намалува бројот на Македонци, Срби, Молдавци кои бараат бугарски пасоши. Состојбата не е како во минатото.
