Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО: ВМРО-ДПМНЕ најави излегување од Парламентот?

НЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО: ВМРО-ДПМНЕ најави излегување од Парламентот?

Собранискиот спикер Талат Џафери не ја закажал седницата за распуштање на Собранието, поради што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави повеќе не гледа причина опозициските пратеници да учествуваат во работата на Парламентот.

„Јас навистина не ja гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот. Во текот на денешниот ден ќе имаме извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде информирана благовремено со следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ била поднесена под старото уставно име на државата.

Од партијата сега го повикуваат Џафери да постапи  по предлог –одлуката што лично тој ја поднел за распуштање на Собранието, а во која е наведено новото име.

Од СДСМ велат дека опозицијата бега од усвојувањето на Законот за јавно обвинителство. 

Џафери вели дека крајниот рок за распуштање на Собранието е 16ти февруари.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ побара да се распишат предвремени парламентарни избори на кои народот ќе одлучува и ќе ја преземе судбината на земјата во свои раце. 

Слично

Поврзани вести