Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ПРАВАТА НА АЛБАНЦИТЕ“: ВМРО по изјавата на лидерот на ДУИ - „Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе“

„НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ПРАВАТА НА АЛБАНЦИТЕ“: ВМРО по изјавата на лидерот на ДУИ - „Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе“

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој тој и сите околу него редовно го крадеше и запоставуваше.

Ова го посочуваат од ВМРО - ДПМНЕ по изјавата на лидерот на ДУИ пред Уставниот суд. 

- Уште посурова е реалноста дека тој остана маргинализиран затоа што е прочитана книга. Функционерите на ДУИ протестираат против судиите на ДУИ. Не се работи ниту за правата на албанците, ниту за тоа дека Уставниот суд ќе донесе некаква драматична одлука, туку се работи единствено за кариерите на десетина души чија професија стана да бидат редовни душегрижници за човековите права кои редовно ги газат.

И доста Ахмети се заканува како мома на чешма, фрла клетви, злоупотребува човечки судбини. Театарот наречен ДУИ треба да престане. Светот нема да престане да постои што ДУИ е опозиција - се нагласува во нивното соопштение. 


Слично

Поврзани вести