Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се работи за македонски, туку за косовски автобус, потврдија надлежните

Не се работи за македонски, туку за косовски автобус, потврдија надлежните

Надлежните потврдија дека не се работи за македонски, туку за косовски автобус кој се преврте во Хрватска, при што има и жртви. 

Десет лица загинаа, а има повеќе повредени откако автобус со косовски регистарски таблички утринава излета од автопатот кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција, а од македонското МНР потврдија за МИА.

Полицијата околу 6:20 часот добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи, пренесе новинската агенцијата ХИНА.

Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

Прво беше соопштено дека автобусот бил со македонски регистарски таблички, но подоцна е потвредено дека автобусот е од Косово. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Danijel Soldo/Cropix

Слично

Поврзани вести