НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“
Откако во јавноста се покренаа дебати околу тоа дали во Македонија ќе дојдат мигранти од Велика Британија, се огласи професорката Мирјана Најчевска, со поинаков став и размислување на оваа тема.
„Според мене не се проблем мигрантите, туку она од што бегаат.
Наместо да се даваат силни пари во одбрана од мигранти може да се дадат пари во обезбедување добри услови за живот таму од каде што доаѓаат.
И немој да заборавите дека Македонија е емигрантска држава. Од неа бегаат луѓето.
И Македонците се емигранти во различни држави.
Она што треба да се праша Владата е дали е истражено што би добила а што би изгубила Македонија со прием на емигранти?
Дали е приемот согласно нашите закони за азил?
Дали се граѓаните спремни за ваков вид на отворање на државата?
Не може да се прифатат обврски врз основа на поткуп на неколку функционери во власта“, напиша таа.
