НЕ СЕ ПРЕПУКУВАЈТЕ И НЕ ГИ КРАТЕТЕ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА - ССМ со апел до пратениците да гласаат за зголемување на платите во јавниот сектор
Синдикатот со последен апел до народните избраници.
„Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО - ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места (а тоа значи насекаде).
Амандманот треба да биде изгласан ден побрзо од сите пратеници и власт и опозиција, пред дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови.
На комисиската расправа пратениците времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор од 01.07.2022 година ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22.06.2022 година“, велат од ССМ.
