НЕ СЕ ПОЗНАВАМ ЛИЧНО НО ЌЕ ИНИЦИРАМ СОСТАНОК СО БЕКИМ САЛИ: Филипче на новиот министер му порача да биде секогаш достапен за новинарите
Министерот за
здравство Венко Филипче по денешниот настан на Клиниката за ортопедија истакна
дека во наредните денови најверојатно ќе се сретне со неговиот наследник Беким
Сали кој доаѓа на оваа позиција по договорот со Алтернатива. Рече дека со него
не се познава лично, но дека ќе иницира состанок за да му ги пренесе
искуствата.
-Со Беким Сали не се познавам лично, но сакам да иницирам состанок и тоа ќе се случи најверојатно во следните денови. Мојата порака до Сали е да биде транспарентен и секогаш достапен за медиумите, рече Филипче.
Министерот кој е во заминување нагласи дека е посебно горд на тимскиот дух кој доведе до успешно завршување на многу проекти во здравствениот сектор.
-Горд сум на сите порцеси кои се одвиваа инклузивно, навистна сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Посебно сум горд сум на тимскиот дух, нагласи Филипче.
Жали, како што рече, што воопшто не започна проектот за нов клинички центар, кој е од особена важност за граѓаните.
-Современата медицина подразбира една нова инфраструктура. Дел од најсовремените апарати едноставно не може да се внесат во малите операциони сали. Апелирам до опозицијата да го одблокира овој закон кој е одличен и секако е во насока за доброто на граѓаните, истакна министерот Филипче.
А. Б.