Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ПЛАШАТ НИ ОД КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ - семејна веселба во гостиварско Здуње со 70 лица

НЕ СЕ ПЛАШАТ НИ ОД КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ - семејна веселба во гостиварско Здуње со 70 лица

Во време кога секојдневно се регистрират по над 1.000 заболени од коронавирисот, некому се уште не му иде памет и организира семејни веселби.

А има и угостители кои ги даваат на располагање нивните објекти за организирање на семејни веселби. Таков бил и гостиварецот Џ.Б., кој за вчерашната веселба ќе заработи кривична пријава.

„На 21.11.2020 во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во с.Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба. Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид. По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести