Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ СЕ НИ СВЕСНИ ДЕКА СО ЗАТРУПУВАЊЕ НЕ ЗАПИРА ЗАГАДУВАЊЕТО. САМО НЕ СЕ ГЛЕДА“: професорката Најчевска со остра критика

„НЕ СЕ НИ СВЕСНИ ДЕКА СО ЗАТРУПУВАЊЕ НЕ ЗАПИРА ЗАГАДУВАЊЕТО. САМО НЕ СЕ ГЛЕДА“: професорката Најчевска со остра критика

Професорката Мирјана Најчевска, која важи за жесток критичар на сите општествени нерегуларности, се огласи со остра критика на граѓаните кои го поддржаа затрупувањето на дивата депонија во Трубарево.

По објавата на градоначалникот на општина Гази Баба дека депонијата е затрупана со земја и дека од таму веќе не се шири чад и мирис на изгорена пластика, доби многу пофални зборови од граѓани кои секојдневно страдаат од мирисот кој се шири во околината. 

Но, овие пофални зборови беа поттик нашата професорка остро да посочи дека ова воопшто не е решение, и дека сега загадувањето само добива нова форма и пак ја има истата штета за жителите. 

- Глупаците не се ни свесни дека со затрупување не запира згадувањето. Само не се гледа.

Тоа е исто како ѓубрето дома да го изметиш под килим - напомена Најчевска.

Еве ја нејзината објава. 



Секако, на нејзината критика не останаа должни ни граѓаните, кои укажаа дека се свесни дека ова не е посакуваното решение, но потенцираат дека сега можат да отворат прозори од своите домови и да излезат надвор и да прошетаат, што претходно поради лошата миризба било „невозможна мисија“. 


Слично

Поврзани вести