Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ СЕ НИ ОБИДОВМЕ ДА ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО ГРЧКАТА СТРАНА“ - Никола Димитров смета дека замената на пасошите требало да биде на трошок на државата

„НЕ СЕ НИ ОБИДОВМЕ ДА ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО ГРЧКАТА СТРАНА“ - Никола Димитров смета дека замената на пасошите требало да биде на трошок на државата

Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи, кој беше и потписник на Преспанскиот договор, смета дека вината за проблемот со промена на личните документи лежи во државата која, како што објаснува, требало да ги сноси трошоците наместо граѓаните.

„Се работи за кабает од наша страна. Не се работи за Договорот, туку за неговото спроведување. Дури кога се видело, зошто се издавале стари пасоши години по влегувањето во сила на договорот во 2022 година? Јас уште од почеток имав став дека ова мора да биде на трошок на државата. Зошто немало дипломатска комуникација кога се видело дека државата нема капацитет да го реши тоа, одиме во тесно грло. Македонската страна не се ни заинтересирала да види дали ова може да се реши со грчката страна“, нагласи Димитров за ТВ Сител.

Слично

Поврзани вести