Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ НА ПРОЛЕТ МЕСЕЦОВ: Пак доаѓаат врнежи, студено време и снег!

НЕ СЕ НАДЕВАЈТЕ НА ПРОЛЕТ МЕСЕЦОВ: Пак доаѓаат врнежи, студено време и снег!

Метеорологот Славчо Попоски објави дека во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и проследени со појава на ретки грмежи.

Повремено на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и снег, а температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во следните неколку денови ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во текот на следниот период локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог, особено во југоисточните предели од Македонија.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и малку над 20 степени.

Во Скопје  и околината се очекува слично време, со појава на повремен локален дожд и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.

- Во текот на следните неколку денови, температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното. На долготрајна стабилизација на времето, но и  на вистинска пролет која би потрајала подолго не се надевајте засега – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 


Слично

Поврзани вести