Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се крати породилното, туку право на отсуство добива и таткото

Не се крати породилното, туку право на отсуство добива и таткото

Со новите законски измени за породилното отсуство, 5 месеци ќе следуваат за мајката и по 4 месеци за двајцата родители.

Ново е тоа што право на 4 месеци отсуство ќе има и таткото кое ќе може да го користи заедно со мајката по истекот на првите 5 месеци или пак во било кој период додека детето не наполни 2 години. Исто така и таткото ќе има право на 15 дена платен одмор веднаш штом ќе добие дете и 20 дена ако добие повеќе деца одеднаш. Се предвидува мајките да имаат право на 2 часа пауза како и можности за флексибилно работно време или пак работење од далечина.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вели дека сите отсуства на родителите ќе бидат 100 отсто покриени од фондот. 

„Тоа што се прошири по социјалните мрежи за кратење на породилното отсуство, тоа не е вистина, туку е шпекулација, односно нецелосно прикажување на новиот текст закон за работни односи, затоа што на мајката не и се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете. Очекуваме во февруари да ни завршат овие јавни дебати околу текстот, да ги собереме предлозите, коментарите, тоа што е конструктивно и текстот да влезе во владина процедура, кој потоа ќе се прати во собраниска процедура“, изјави за Канал 5 министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Инаку, целта е да се вклучат и двајцата родители поеднакво во растење на детето. На Фејсбук и Твитер имаше нејаснотии околку тоа што ќе донесат законските измени. Во регионот исто така имаше некои олеснувања и поволности со цел да се поттикне наталитетот на населението.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести