Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на производите

Не се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на производите


Предлогот за укинување на двојазичните декларации на производитепомина без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ, ДУИ, СДСМ, односно, за него гласаа само предлагачите - пратениците од Левица.

Сашко Јанчев од Левица истакна дека двојазичните декларации се спротивни на Уставот, Законот за двојазичност и нелогични:

„Двојазичноста на сите овие етикети е спротивно на Уставот, спротивно на Законот за двојазичност, надвор од здрава економска логика. Од оваа обврска нема никаква корист, напротив, има штета – трговците непотребно ги чини и пари и време и ги става во неповолна положба на пазарот“, рече Јанчев.

Претходно поранешниот министер за економија Крешник Бектеши рече дека Левица за овој предлог има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но според гласањето, не испадна дека баш е така.

Слично

Поврзани вести