Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ГУШИ САМО МАКЕДОНИЈА: Србија и Бугарија пред нас на листата-Софија веќе има мерки

НЕ СЕ ГУШИ САМО МАКЕДОНИЈА: Србија и Бугарија пред нас на листата-Софија веќе има мерки

Не е загадено само во Македонија, иако овој факт кој со години се тлее и турка под тепих не треба да значи дека мерките не треба да бидат преземени секогаш во ситуации на енормна загаденост и мерни станици кои превртуваат.

Сепак, на утринската листа загадени градови или држави сеедно, пред нас се и Србија и Бугарија.

Специјализираниот сајт „Ер вижуал“ кој го мери загадувањето на воздухот Белград и Софија ги закотви на листата во десетте најзагадени градови во светот.

Заедно со нив се градови од Пакистан, Индија, Авганистан а Кабул е прв најзагаден град моментно во светот.


На оваа листа Скопје се најде на 46 место, град кој дише загаден воздух утринава.

Имено, утрово Битола беше градот кој го држеше рекордот на најзагаден град во земјава. Во моментов тешко се дише и во Кичево, Гостивар, но и Кочани, Тетово и Кавадарци.

Она што ни падна во око утрово е дека соседите ги преупредиле граѓаните дека воздухот во Софија ќе биде исклучително загаден. Тамошните власти ги повикаа граѓаните да ги остават автомобилите дома и да го користат јавниот превоз.

Слично

Поврзани вести