Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ДИШЕ: Во овие пет града вечерва е високо загадено

НЕ СЕ ДИШЕ: Во овие пет града вечерва е високо загадено

Многу високо загаден вечерва е воздухот во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Битола. 

Ова се гледа од податоците од мерните станици на Министерството за животна средина. 

Високо загадено е во Кавадарци и Кочани. 

Ниско загаден е воздухот во Дебар, а многу ниско во Кичево. 

Најалармантно синоќа беше загадувањето во Лисиче, Аеродром и Гази Баба.

Акција за бојкотирање на наставата на 20 декември е претставена на социјалната мрежа Фејбук при што се повикуваат сите родители да не ги пуштаат своите деца тој ден на настава за да се покаже дека е важна борбата против загаденоста на воздухот. 

За само 24 часа над 600 граѓани се изјасниле дека ќе се придружат на акцијата, а над 2.000 се изјасниле дека се заинтересирани и тие да ја бојкотираат наставата.

Слично

Поврзани вести