Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО МАГАРИЊА?“ Најчевска во нејзин стил, реагира на смената на дирекротот на катастар без наведени причини

„НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО МАГАРИЊА?“ Најчевска во нејзин стил, реагира на смената на дирекротот на катастар без наведени причини

Професорката Мирјана Најчевска на нејзиниот фејсбук профил реагира за смената на досегашниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности и поставувањето на Иван Живковски на директорското место. Таа реагира затоа што не е наведена причина за смената на досегашниот директор.
„Именуван е нов директор (ве де) Иван Живковски на Агенцијата за катастар на недвижности.

На страната на Владата како една од многуте истоветни промени.

И од владата напишале дека Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Па уште и во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување.

Меѓутоа нема ни збор зошто се разрешува претходниот директор.

А според законот:

Директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот на мандатот во случај ако:

- со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причини штета утврдена во постапка согласно со закон,

- не работи и не постапува според закон, статут и актите на Агенцијата, или неоправдано не ги спроведува одлуките на Управниот одбор, или постапува спротивно со нив,

- е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на казна затвор подолго од шест месеци,

- му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност на раководно лице во институцијата,

- поради долготрајна тешка болест, која го спречува во извршувањето на обврските,

- ја изгуби деловната способност,

- не достави извештај согласно со членот 15 став (2) од овој закон, односно ако и по истекот на рокот определен во истиот став не ги отстрани недостатоците и/или во тој рок повторно има недостатоци и/или загуби во финансиското работење и

- на негово барање.

И така за сите директори кои се разрешени.

Без постапка, без образложение, без објаснување.

Едноставно зошто државата е нивни вилает.

Што мислите, за колку глупи ги сметаат граѓаните за да може ова да го прават најјавно, со сите директорски позиции и да очекуваат дека граѓаните ќе го проголтаат без збор.

Не се чувствувате како магариња?

Само погледнете во огледало и веднаш ќе ги забележите прекрасните, големи уши“, напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести