Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ СЕ ЧИСТИ ДОВОЛНО ЃУБРЕТО, ЗАТОА ИМА ШИШИЊА ВО ВАРДАР“: Министерството за животна средина вели дека имало и диви депонии во околните места

„НЕ СЕ ЧИСТИ ДОВОЛНО ЃУБРЕТО, ЗАТОА ИМА ШИШИЊА ВО ВАРДАР“: Министерството за животна средина вели дека имало и диви депонии во околните места

Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. 

„Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби. Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен“, велат од Министерството.

Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.

„Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови“, соопштија од Министерството.

(ВИДЕО) КАТАСТРОФА: Вардар преполн со пластични шишиња

Слично

Поврзани вести